„Шехерезада“ во Сараево PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Сабота, 06 Февруари 2010 14:12
Со балетската претстава „Шехерезада“ на Николај Римски Корсаков, Македонскиот национален балет утревечер ќе го отвори фестивалот Сараевска зима. Вечерва, пак, публиката ќе ја види „Јас Исидора“ во кореографија на Олга Панго, а ќе биде отворена и изложба на фотографии и на балетски костуми по повод 60 години од постоењето на Македонската балетска куќа.


Претставата „Шехерезада“, која е базирана на легендарниот еп „Илјада и една ноќ“, ја раскажува приказната за принцот Шахријар и за Шехерезада.

На сцената во Сараево главните ликови ќе ги играат Ивана Коцевска и специјалниот гостин од Куба, Хозе Карлос Лосада Моралес.

 

          Извор „Дневник„ 06.02.2010

 
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.