Турскиот театар со „Госпоѓица Јулија“ на фестивал во Никшиќ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Сабота, 06 Февруари 2010 14:05

Претставата во режија на Александар Поповски ќе биде изведена на 17 февруари

Претставата „Госпоѓица Јулија“ на Турскиот театар влезе во официјалната конкуренција на 9. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, што ќе се одржи од 16 до 23 февруари. Оваа претстава работена според делото на Август Стриндберг, а во режија на Александар Поповски, на реномираниот црногорски фестивал планирано е да биде изведена на 17 февруари.

„Госпоѓица Јулија“ својата премиера ја имаше пред два месеца во Турскиот театар, а по повод одбележувањето на 60-годишнината од постоењето на оваа театарска куќа во нашата земја. Александар Поповски изјави дека она што го фасцинира во делото на Стриндберг, е монологот што ги опфаќа машко-женските односи и во текот на една вечер разоткрива нешта кои цел живот се обидуваме да ги разјасниме. Основното мото кое ги водело низ претставата е оној страв на секој од нас за тоа што ќе речат луѓето. Како што објаснуваше Поповски, тој сметал дека тоа е интересен приод, да се соочиме со она кое не следи низ целиот живот и за кое постојано размислуваме, што ќе речат или помислат луѓето за нашите постапки.

„Госпоѓица Јулија“ е класична претстава, но Поповски рече дека тој заедно со младата актерска екипа му пришле на овој текст од денешен аспект. Главните улоги во претставата ги играат: Сузан Акбелге, Несрин Таир и Осман Али. Покрај Поповски на претставата работеше и Лука Кортина, како асистент на режија, а сценографијата и костимографијата се на Свен Јонке.

Оваа претстава на репертоарот на Турскиот тетар ќе биде на 11 и на 12 февруари. (С.У.)

 

          Извор „Утрински весник„ 06.02.2010

 
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.