Премеира на „На отворено“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Четврток, 04 Февруари 2010 22:14
Во среда во Детскиот театарски центар ќе се одржи премиерата на претставата „На Отворено”, по текст на Славомир Мрожек, во режија на Андреј Цветановски и Ирена Стеријовска, студенти по театарска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА
 

Сцена од „На отворено“


Повеќето студенти кои учествуваат во овој проект и’ припаѓаат на првата генерација на универзитетот. Со оваа претстава официјално се отвора академската сцена на ЕСРА која ќе претставува медиум преку кој ќе се изразуваат студентите и нивните уметнички креации.
Претставата „На отворено... “ претставува проект кој обединува студенти од повеќе катедри на Универзитетот под водство на студентите по театарска режија Ирена Стеријовска и Андреј Цветановски.
Улогите во оваа постановка на пиесата на Мрожек ги толкуваат Игор Георгиев, Никола Ацески, Александар Ѓорѓиески, Валентин Костадиновски, музиката е на Игор Станковиќ, за дизајн-светлото е задолжен Владимир Димоски а за графичкито дизајн Вања Шереметковски
„На отворено ...” е приказна за моќта, за вечната непресушна глад  да се освојува и владее, еден сиров опис што сме направиле и што правиме. Еден апел, еден гнев, еден бунт кон “совршениот” човек, едно прашање:  Што значи да се биде човек?
Премиерната изведба на претставата во Детски театарски центар ќе се случи во среда (03.02.2010), со почеток во 20 часот, а заради органичениот број седишта, заинтересираните треба да го потврдат присуството среда најдоцна до 13 часот, на телефонскито број 02 3061 - 543.

 

          Извор „Форум„ 04.02.2010

Последно освежено на Четврток, 04 Февруари 2010 22:17
 
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.