ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ 60 ГОДИНИ “МАКЕДОНСКИ БАЛЕТ“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Вторник, 06 Октомври 2009 08:03


 

 

 

Уметничко шоу за паметење

Преполна сала и публика која не штеди аплаузи за уметниците со извонредна балетска игра го одбележаа гала-концертот кој во петокот се одржа во Македонската опера и балет, славејќи ја шеесетгодишнината од постоењето на македонскиот балет. Долгонајавуваниот концерт, кој на една сцена донесе уметници од националните балетски куќи на Франција, Украина, Турција и на Куба, од миланска „Скала“ и од театарот „Бољшој“, ги оправда очекувањата на публиката, која имаше можност да проследи шоу кое долго ќе се памети. На големата сцена на МОБ се редеа балетски исечоци од класиците „Лебедово езеро“, „Дон Кихот“, „Рајмонда“, „Кармен“. Меѓу присутните повеќето беа поранешни балетски уметници кои придонеле во градењето на шестдецениската историја на куќата и луѓе од уметнички професии. Украинците Олена Филипиева и Сергеј Сидорски, потоа Италијанците Франческа Подини и Мик Зени, Елеонор Герино и Емануел Тибо од Франција, Кубанците Барбара Гарсија и Хозе Лосада танцуваа беспрекорно, а особено вешт во изведбата беше младиот гостин од Турција, Кадир Окурер. Одлично се покажаа и домашните уметници, особено Мими Поп-Алексова, Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски и Дмитор Чеботар. Се на се, вечерта посветена на балетската уметност помина беспрекорно, а по уметничкото шоу, кое траеше повеќе од два часа, можеа да се видат многу задоволни лица.


К.А.

 

     Извор „Време„ 06.10.2009

Последно освежено на Вторник, 06 Октомври 2009 09:01
 
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.