|
Прилепската „Јане Задрогаз“ на Денови на комедијата |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Вторник, 06 Октомври 2009 07:49 |
|
Артистичкиот ансамбл на прилепскиот театар „Марко Цепенков“ вечерва на 12-от меѓународен традиционален ревијален фестивал Денови на комедијата во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе ја изведе претставата“Јане Задрогаз“. Текстот е на Горан Стефановски, а режијата на Коле Ангеловски. Во претставата играат Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски,Трајче Ивановски, Зоран Ивановски, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиески и други.
Сценографијата е на Пеце Ристески, костимографијата на Зорица Тодоровска, музиката на Оливер Јосифовски, а кореографијата на Кренаре Невзате-Кери.
Комедијата „Јане Задрогаз“ е приказна за еден народ со една лоша царица, за змејот што му прави лошо на народот и за Јане кој ќе го спаси народот, кој пак дури отпосле ќе се сети на тоа. Преку хумористично- сатиричен приказ претставата е за оние што остареле, а не се подобриле, за оние кои умираат од глад, а другите ги прашуваат што ручале, за едните што земаат, а другите се причестуваат.
На сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ претставата ќе почне во 20 часот. (С.А.Ј.) Извор „Дневник„ 06.10.2009
|