Добредојдовте
Поповски награден во Москва PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 15 Јануари 2010 11:57

ЗА „ЧЕТИРИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“

 

  

 

 Македонскиот режисер и амбасадор на културата во Русија, Иван Поповски, ја доби руската награда за најдобра режија „Музичкото срце на театарот‘“ за претставата „Четири годишни времиња“. „Четири годишни времиња“ беше поставена во московскиот музички театар „Елена Камбурова“. Таа се базира на делата на светски познатите композитори Вивалди, Хајдн, Чајковски и Пјацола, а носечки столб се четири актерки. Претставата премиерно беше изведена на трети август 2008 година на фестивалот „Охридско лето“, а во Москва премиерата беше во октомври истата година. За оваа претстава Поповски се закити и со наградите за сценска иновација од најреномираното театарско списание во Русија „Театрал“, театарската награда со најдолга традиција во Русија, „Кристален Турандот“ и други.

 

          Извор „Време„ 15.01.2010

Последно освежено на Петок, 15 Јануари 2010 12:12
 
Актерот Вељановски ја режира "Интермецо" во Драмски PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 15 Јануари 2010 11:37

ПРЕД ПРЕМИЕРАТА НА ДРАМАТА НА САШО ТАСЕВСКИ


Сашо Тасевски и Рубенс Муратовски играат другари од детството Џици и Мртва, кои го преживуваат вториот библиски потоп. И по 10 години изолирани од цивилизацијата, сфаќаат дека сите оние вредности кои ги сметале за релевантни пред потопот, повеќе немаат никакво значење за нив

Во Драмски театар пред крај се подготовките за премиерата на "Интермецо", според драмата на актерот Сашо Тасевски од книгата "Шмизла", а ја режира негов колега, исто актер, Роберт Вељановски. Играат авторот Тасевски и Рубенс Муратовски, музиката ја подготвува Горан Трајковски, а сценографијата и костимите се на Тихомир Спировски.
"Темата е провокативна, говори за отуѓеноста на луѓето во светот во кој живееме. Се говори за двајца луѓе, за отуѓеноста, за глобалното навлегување на Интернетот. Ако не постоиш на Интернет, не постоиш во буквална смисла на зборот. Парадоксално, но пред некоја вечер во 19 часот отворивме група на Фејсбук. За 16 часа имавме повеќе од 800 поддржувачи. Прашањето е колку време ќе ни треба 800 души да ги собереме на едно место", објаснува Вељановски.
Претставата, вели тој, во буквална смисла, чини нула денари. Помошта која ја добиваат од Драмски е единствено во реквизитите од претстави кои се симнати од репертоар. Ќе игра на репертоар, публиката ќе биде ограничена на 100 до 120 души, поради сценографијата која е составена од боксерски ринг.
Рубенс вели дека му е драго што Сашо пишува текстови, кога веќе драматурзите не пишуваат во оваа држава.
Премиерата е на 20 јануари, што се поклопува со реизданието на "Шмизла" кое ќе се продава на манифестацијата "Книга во секој дом" во книжарницата на "Матица македонска" .
Б.Нестороска
фото: И.Илиев

 

          Извор „Вест„ 15.01.2010

 
Гостува ХНК од Загреб со "Важно е да се викаш Ернест" PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 15 Јануари 2010 11:32

ВО МНТ

Класиката на Вајлд, во изведба на ХНК, според хрватските медиуми на јуриш ја освои и публиката и критиката

Во Македонскиот народен театар, според договорот за соработка со Хрватско народно казалиште од Загреб, на крајот на месецов ќе гостува уште една хит-претстава на оваа реномирана театарска куќа. Се работи за класиката на големиот ирски писател Оскар Вајлд "Важно е да се викаш Ернест", а во режија на Томислав Павковиќ.
"Тривијална комедија за сериозни луѓе" е поднасловот на претставата, која ја имаше нејзината премиера во 2007 во Загреб и која, според хрватските медиуми, "на јуриш ја освои и публиката и критиката". Претставата кај нас го носи оригиналниот актерски состав од премиерната изведба, со првенците на ХНК Горан Гргиќ, Душан Бучан, Бранка Цветковиќ и Лука Драгиќ.
Текстот на Вајлд е неговата најпозната и најдобра комедија, првпат изведена во во 1895. Драмскиот текст "Важно е да се викаш Ернес" е еден од најпоставуваните текстови во театрите низ светот, и врв во кариерата на Оскар Вајлд.

МНТ во копродукција со берлинска опера

МНТ најави две премиери кои ќе се реализираат до април годинава. Првата е "Суд", по текст на Коле Чашуле, во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Во претставата ќе биде вклучен младиот ансамбл на Театарот, во тек се пробите, а премиерата се очекува на почетокот на февруари.
Втората претстава е со работен наслов "10 песни за Марија", по текст на Дејан Дуковски, и е соработка помеѓу МНТ и "Келн", оперска куќа од Берлин што, според директорот Сашо Миленковски, е продолжување на истражувањето на различните театарски изрази кои веќе неколку години се приоритетни во МНТ, во конкретниот пример - музиката во театарот. Претставата почнува со подготовки на 22. овој месец, а премиерата ќе ја има на 8 април во Берлин. Македонски актери што ќе бидат дел од претставата се Сенко Велинов, Горазд Цветковски и Јелена Јованова.

 

          Извор „Вест„ 15.01.2010

 
Квалитетен репертоар покрај рецесивната година за МНТ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Четврток, 14 Јануари 2010 01:20

Квалитетот на македонскиот театар се доведува до ризик. Годинава за театарџиите ќе биде рецесивна.

 

И покрај финансиските проблеми продолжуваат да работат со полна пареа. Твореле од љубов со надеж дека набрзо ваквата ситуација ќе биде минато вели првиот човек на МНТ, Миленковски. Тој најави неколку нови проекти.

 
Претставата “Суд” од Коле Чашуле, и “Десет песни на Марија” од Дејан Дуковски во копродукција со Ноекелнер опера од Германија.
 
Eнтузијазмот на актерската фела и режисерите овој пат ќе го манифестираат со поставувањетo на класичен мјузикал и оперета пиеси. Реткоста на овој жанр ја провоцира публиката која  досега докажала дека има изострен вкус.
 
- Не велам дека со сиромаштијата секогаш ќе има квалитет, напротив мислам дека треба да се финансира во театарската магија - изјави директорот Сашо Миленковски. 
 
Мината година невработените актери од Македонскиот народен театар реагираа до министерството за култура. Засега четворица добија договор на определено време.
 
- Во МНТ секогаш ќе бидат вработени тие што треба, а не сите оние кои се околу МНТ, ме разбирате што сакам да кажам. Уметноста отсекогаш имала висок критериум - дециден е Миленковски.
 
На 29 и 30 јануари, на театарските штици во МНТ ќе дефилира Хрватското Народно Казалиште со претставата “Важно е да се викаш Ернест” од Оскар Вајлд.
 
          
Последно освежено на Четврток, 14 Јануари 2010 01:23
 
Ернест... од ХНК во МНТ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Четврток, 14 Јануари 2010 01:16

УШТЕ ЕДНО ГОСТУВАЊЕ ОД ХРВАТСКА


ХНК од Загреб со претставата "Важно е да се викаш Ернест", по текст на Оскар Вајлд, а во режија на Томислав Павковиќ, во рамките на билатералната театарска спогодба помеѓу МНТ и Хрватската национална театарска куќа ќе гостува на крајот од месецот (29 и 30 јануари) на сцената на театар Центар. Ќе настапат познати актери кои на поширокиот македонски аудиториум му се познати претежно од хрватските теленовели. Тоа, воедно беше повод за вчерашната прес-конференција, што директорот Сашо Миленковски ја искористи и за да ги каже идните планови на МНТ.

Се подготвува "Суд" од Коле Чашуле во режија на Љупчо Георгиевски. Премиерата е закажана за почетокот на февруари, а токму поради "копањето" на театар в театар Миленковски рече дека е на повидок феноменална претстава. Наскоро ќе се започне и проектот "Десет песни за Марија" по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Санди Лопечиќ, што е всушност копродукција со познатата "Ноекелнер опера", од Берлин со учество на македонски и германски актери и уметници. Премиерата е предвидена за април на фестивал во Берлин, а темата е музичкиот театар, односно патот од мјузикл до оперета. Со ова според Миленковски се отвора нова страница во репертоарот на МНТ.


          Извор „Вечер„ 14.01.2010

 
«ПочетокПред101102103104105106107108109110СледноКрај»

Лист 105 од 179
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.
 

Анкета

Дали сте задоволни од театрската понуда во Македонија
 

Кој е на линија

Има 2 гости присутни

Реклами

Најнови!
Банер
Банер
Банер
Банер