|
Добредојдовте
|
Операта „Кармен“ со гостин од Србија |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Сабота, 13 Февруари 2010 12:19 |
|
Приказната за трагичната и страсна љубов на Дон Хозе кон циганката Кармен во операта „Кармен“ од Жорж Бизе, вечерва во 20 часот, повторно ќе заигра на сцената на Македонската опера и балет. Како специјален гостин, ликот на Ескамилио ќе го долови Владимир Андриќ од Србија.
Во другите улоги, под диригентската палка на Бисера Чадловска, настапуваат: Ирена Кавкалевска како Кармен и Зоран Сотиров како Дон Хозе, Благица Поп Томова, Ирина Герасимовска, Олгица Милевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Бранислав Попгеоргиевски.
Режисер на претставата е Кузман Попов од Бугарија, сцената ја оформи Живојин Трајановиќ, а костимите се на Марија Пупучевска. Кореографијата на Натка Пенушлиска ја обновил Екрем Хусеин.
Во претставата учествуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Извор „Дневник„ 13.02.2010 |
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Сабота, 13 Февруари 2010 12:14 |
Вака по хрватските медиуми ја одбележаа не премиерата, која треба да се случи за еден месец, туку првата пробна отворена изведба на „Пер Гинт“ во режија на Алексадар Поповски на сцената на загрепскиот театар „Гавела | | |  | | Својот посебен режисерски печат Александар Поповски го остава и на „Пер Гинт“. Ова се реакциите на хрватските медиуми по првата пробна изведба на претставата „Пер Гинт“ во загрепскиот театар „Гавела“, каде македонскиот режисер ја работи оваа претстава, чија премиера е закажана на почетокот на март. Точно еден месец пред премиерата, хрватските медиуми ја одбележаа и првата отворена пробна изведба на оваа театарска претстава од Хенрик Ибзен.
- По големиот успех на „Сонот на летната ноќ“, Поповски повторно режира во „Гавела“. И тоа на заигран и духовит начин бришејќи ги границите меѓу реалноста и имагинацијата, свесното и потсвесното - пишува хрватски „Вјесник“.
Оваа амбициозна, сложена и предизвикувачка задача му е доверена на македонскиот режисер, кој по минатиот креативен престој во Загреб, на сцената на „Гавела“ го постави Шекспировиот „Сон на летната ноќ“. Оваа претстава во меѓувреме и кај публиката и кај критиката наиде на одличен прием, досега освојувајќи дури 11 награди на фестивали во Хрватска и во странство. Вака за поставката на „Пер Гинт“ пишува хрватскиот интернет портал за театар „Театар.хр“.
- Еклектичноста на Поповски и неговата способност кон големата книжевна тема (во што нé увери и со неговиот сјаен „Кандид“ во продукција на Југословенско драмско позориште, кој се изведе и во Загреб) ќе пристапи без страв, слободно поигрувајќи си со мотиви, кои текстот му ги позајмува на користење. Може однапред да предвидиме дека ансамблот на „Гавела“ со „Пер Гинт“ ќе тргне на возбудливо и креативно театарско патување - објавува порталот „Театар.хр“.
Работниот podnaslov за „Пер Гинт“ ни е „ДЕБАКЛ А НЕ СПЕКТАКЛ“, изјави Александар Поповски во неодамнешното интервју за „Нова Македонија“.
- „Пер Гинт“ доаѓа во една сезона кога Загреб има големи очекувања од класичните драмски текстови. Исто така треба да се знае дека во овој период неколку големи европски куќи го поставуваат „Пер Гинт“. Пробувам на поинаков начин, се обидувам да не играм сé. Многу сцени одат на раскажување на дејството, користам сонгови. „Фолтин“ прават одлична музика, веќе направија два сонга кои се пеат по цел ден по ходниците на „Гавела“ - вели Поповски.
Ова е редок случај за една претстава толку да се пишува уште пред нејзината премиера. Но, очигледно Поповски има добра репутација во Загреб, особено по неговата постановка на „Сонот на летната ноќ“, која беше прогласена за претстава на сезоната во театарот „Гавела“ во 2008 година.
Му вршат ли ваквите очекувања притисок, го прашавме.
- Јас имам притисок само кога летам со авион, одговори. Извор „Нова Македонија„ 13.01.2010 |
|
|
КОГА ПАГАНСКИТЕ ОБИЧАИ СЕ ВКОРЕНУВААТ ВО ХРИСТИЈАНСКИТЕ |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Сабота, 13 Февруари 2010 12:09 |
|
Св.Трифун во облеката на Дионис Како се случило народната перцепција да ги слее во едно христијанскиот маченик св.Трифун, чиешто житие вели дека бил ѕверски мачен поради својата религија, и славењето и уживањето во виното и во световните благодати, типични за култот на Дионис, кои, исто така, постоеле на ова поднебје, но во друго време? За св.Трифун се вели дека бил лекувач на душевноболните и го раздавал своето богатство на сиромашните ревносно следејќи ги христијанските верувања. Култот на Дионис, пак, е еден од главните во старогрчката митологија, тој е бог на виното, но и на сезонското обновување на вегетацијата, поттикнувач на ритуалното лудило и на екстазата. Силните обредни чествувања на Дионис на ова подрачје, згаснати во доцната антика, успеале во остатоци да преживеат до денешно време, во различни форми навлегувајќи во христијанските обичаи, сметаат етнолозите. Малкутемина македонски истражувачи што се занимаваат со оваа тема велат дека некои од карактеристиките на Дионис, односно Бахус, во османлискиот период ги презел православниот светител Трифун. Па, така, во денешниот општествен контекст, одбележувањето на христијанскиот празник на 14 февруари се прави со закројување на лозјата, но, за многумина и со хедонистичко уживање во лозовите плодови, слично на Дионисовите баханалии. - Во нашите краишта и на Балканот, Дионисовите баханалии имаат многу силен корен. Таа стара традиција се надоврзува на извесен начин на развојот на христијанската религија на овој простор. Оттаму, атрибутите на Дионис преминале кај овој светител, најверојатно, поради тоа што и двајцата биле млади, празникот на св. Трифун временски се совпаѓа со времето кога се изведувал Дионисовиот култ, но и времето кога се случуваат циклични промени во природата - вели Љупчо Ристевски, професор по етнологија. Но, како настанало ова концентрирање на белезите на Дионис во св Трифун? Иако во житието на св. Трифун нема никакви аналогии со Дионисовите белези - виното и физичките наслади, сепак, според стручњаците, овие атрибути се подразбираат во народните обичаи и во усните преданија. Иако не се знае кога точно се случило тоа прелевање на белезите на античкиот бог во христијанскиот светец, етнолозите претпоставуваат дека тоа било во време на турското владеење на овие простори. Тие велат дека култот на св.Трифун, дефинитивно, го нема во античкиот и во средновековниот период, туку во големи размери оживува од 15 век наваму, односно од доаѓањето на Турците. - Во зависност од територијата, св.Трифун се поврзува со култот на плодноста, кој во рамки на славењето на Дионис се манифестирал со ритуални сексуални баханалии и со опивања - вели етнологот Дарко Крижовски од Музеј на Македонија. Според традицијата, Дионис симболично умирал секоја зима и повторно се раѓал секоја пролет. Ова циклично оживување е придружено со обновување на плодовите на земјата. Тој им покажувал на смртниците како да одгледуваат лозје и да прават вино. И свети Трифун ги има истите обележја, а за време на овој празник се кастри виновата лоза, а лозарите го слават надевајќи се дека светецот ќе им помогне годината да биде бериќетна, а бочвите полни со вино.
Со „трипунска вода“ на лозје
Според обичаите, на празникот Св.Трифун лозјата се попрскуваат со осветена вода и се поткаструваат се уште незапупените гранчиња, со цел родот да биде добар. Кај православните Македонци во некои краишта, како Охрид, Битола, Прилеп, празникот е познат како Трипун пијаница. Според народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на градинарите и на лозарите. Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи, поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи. На овој ден, обично рано наутро во црквата се осветува „трипунска вода“ од која потоа се полнат шишиња и за здравје се чуваат во текот на целата година. Со оваа вода се прскаат лозјата и нивите за бериќет или за истерување на болестите на вегетацијата. По завршувањето на литургијата во црквата, целиот народ заедно со попот оди в поле, каде што се чита молитва и се попрскува лозјето со осветената вода, се закројуваат три лози со благословот „Дај Боже бериќет“, а пресечените фиданки се потураат со вино и со ракија. Извор „Време„ 13.02.2010 |
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Сабота, 13 Февруари 2010 12:06 |
|
ВО МОБ На сцената на Македонската опера и балет, вечерва (20 часот) ќе биде изведена операта "Кармен" од Жорж Бизе. Приказната е за трагичната и страсна љубов на Дон Хозе кон циганката Кармен. Режисер на претставата е Кузман Попов од Бугарија, сцената ја оформи Живојин Трајановиќ, а костимите се на Марија Пупучевска. Кореографијата на Натка Пенушлиска ја обновил Екрем Хусеин. Под диригентската палка на Бисера Чадловска, ќе настапат Ирена Кавкалевска во улога на Кармен, Зоран Сотиров, како Дон Хозе... Во претставата учествуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ. Извор “Вечер„ 13.02.2010 |
|
Драмите од Словенецот Јанчар на македонски |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Петок, 12 Февруари 2010 14:33 |
|
Во издание на "Матица", во продажба е книгата "Тивко се ниша часовникот", избор од 7 драми од словенечкиот автор Драго Јанчар на македонски, чиј приредувач е театрологот и критичар Лилјана Мазова. Преводите се на Плиска Гугуловска и на Лидија Димковска. Во Македонија е изведена само драмата "Големиот брилијантен валцер" во 1986 година, во режија на Бранко Ставрев, и во 1990 година во Прилепскиот театар, во режија на Стојан Стојаноски. Во есејот за Јанчар, словенечкиот режисер Јанез Пипан, меѓу другото, вели: "Драмите на Јанчар, од сите аспекти, се витални и оригинални театарски приказни кои во прв ред дејствуваат со својата непосредна сензуалност. Напишани се на жив јазик, хуморот и иронијата постојано го контрапунктираат драмскиот патос и трагичната интонација, интелектуалните диспутации ги омекнува народниот говор. Контрапунктот, општо, е клучна карактеристика на драмското пишување на Јанчар". Ова е трета книга драми приредени од Мазова и библиотеката "Театрум мунди" на "Матица" на словенечки автори. Минатите две години беа објавени драмите на Иван Цанкар и на Душан Јовановиќ.
Извор „Дневник„ 12.02.2010 |
|
Последно освежено на Петок, 12 Февруари 2010 14:35 |
|
|
|
|
|
|
Лист 88 од 178 |
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.
|
|
Кој е на линија
Има 4 гости присутни
|