ТЕАТАР
~iatc.assitej.aita/iata. iuta.idea.amateo.epicentar~
Апликација за зачленување во ТММ
Регистрација
Историја на ТММ

Зачленување

Важно: Симнете ја Апликацијата за зачленување од линкот горе, десно!

 

Со зачленувањето во ТММ субјектот добива:                               

Ø  Членство и вмрежување во меѓународните театарски организации IATC, ASSITEJ, AITA/IATA, AMATEO, IATU, IDEA, соодветно во областа на делување на апликантот како и користење на нивните програми, можности и бенифити и активно учество во истите, согласно Правилникот за меѓународна партиципација на организациите членки на ТММ.

Ø  Презентирање на Вас, Вашата програма, проекти и активностите во горенаведените организации и во вкупното меѓународно театарско општество ;

Ø  Можност за иницирање и вклучување во проектите и програмите на ТММ а со тоа и  на соодветните меѓународни  организации на кој ТММ е членка;

Ø  Перманентна презентација на порталот www.teatar.com.mk  и   web под-страна во рамките на порталот, која субјектот ќе може  самот да ја хостира;

Ø  Можност за користење на логото на ТММ на   документите и материјалите на субјектот, согласно Правилникот за користење на логото на ТММ.

Ø  Експертска помош во проектите и програмите што ги подготвува субјектот, во согласност со критериумите за работа на Театарскиот Совет на ТММ.

Ø  Можност да учествувате во работата на соодветното Национално Тело, согласно областа на делување;

Ø  Учество на конгреси, семинари, тренинзи, фестивали и други меѓународни театарски настани:

Ø  Перманентно објавување на Ваши информации во електронскиот весник  Theatre in Macedonia и перманентно добивање на електронскиот весник Театарот во Светот.

 

Износи на годишната котизација во ТММ

Ø  6.200 денари за Национални и Локални институции: Tеатри, Домови на култура, Музеи...

Ø  3.700 денари   за Институции од областа на образованието – Градинки, Основни и Средни Училишта и Факултети

Ø  3.100 денари за Здруженија на граѓани,  Фондации и Приватни друштва

Ø  2.500 денари заНеформални театарски групи–уплата ја врши индивидуално Раководителот

Ø  1.300 денари за Индивидуално членство - Поединци

Ø  900 денари за Ученици и Студенти, со приложена копија ученичка книшка или индекс

 

Котизацијата се уплаќа на почетокот на секоја тековна година на Жиро Сметка:

                    Театарска Младина на Македонија

                         Ж.с-ка:  300000000466024

      Цел на дознаката: ГОДИШНА ЧЛАНАРИНА ВО ТММ

 

Процедура на зачленување во ТММ согласно Правилникот за зачленување:

Ø  Изразување интерес за зачленување преку пријава во ТММ, лично, по телефон или маил;

Ø  Доставување на Апликација од страна на ТММ до субјектот или самостојно преземање на апликацијата од вет страната www.teatar.com.mk

Ø  Пополнување на Апликацијата од страна на субјектот и нејзино доставување  до  ТММ  по електронски пат на е-маил: sarosh@t-home.mk.

Ø  Доставување на Апликацијата и дополнителните документи во печатена форма до ТММ на адреса: Театарска Младина на Македонија, П. Фах 11, 1060, Ѓорче Петров – Скопје.

Ø  Телефонско известување од страна на апликантот дали електронската и печатената апликацијата се стигната во ТММ, на мобил 070-205-839 – телефон кој е достапен 7/24.

Ø  Потврдување од страна на ТММ во писмена форма до апликантот за прием на неговата апликација;

Ø  Верифицирање на зачленувањето од страна на Комисијата за зачленување во ТММ.

Ø  Доставување до субјектот писмено Решение за Прием во ТММ од страна на Претседателот на ТММ;

Ø  Во рамките на пратката со решението, се доставува и логото на ТММ во електронска форма, како и user name и password за хостирање на страната на www.teatar.com.mk

Ø  Почеток со работа на субјектот во рамките на ТММ и во соодветното Национално Тело во рамките на Театарскиот Совет на РМ како и негова партиципација во програмите, проектите и активностите на меѓународните организации каде што ТММ членка.

Ø  Добредојдовте !!!

 

 

 


~ Ајде да летаме ~