Едукација за современ танц во Македонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Сабота, 13 Март 2010 03:44

Едукативната програма на Првата регионална академија за современ танц НОМАД ќе се спроведува во Македонија од 13 март до крајот на месецов, а ќе ја проследат 14 учесници од Европа меѓу кои и од Македонија

Во текот на програмата предавања по современ танц ќе одржат професори од Германија, Словенија и Србија.
По завршувањето на предавњата во Македонија на 31 март НОМАД продолжува во Софија, Белград, Кањежа, Загреб, Птуј и Љубљана.
Во Словенија ќе биде и официјално затворена европската програма на 25 јуни со програмски дел Short Cuts (Кратки Резови) каде што ќе се претстават самите учесници со свои изведби развиени во четиримесечниот процес на заедничка едукација и работа.

Детална програма на едукацијата во Скопје

13 Март (Сабота)
Пристигнување на учесниците на Номад Танц Академија

14 Март (Недела)
Работилница со Горан Богдановски, уметничка презентација на учесниците и презентација на Номад Танц Академијата во Музичко балетски училишен центар ‘’Илија Николовски-Луј" (МБУЦ) (студио 4)
Време: 12.00 – 18.00

Добредојде од Локомотива во Сопотско Мезе Бар @ 19.00
(Ул. Илинденска бр.80)

15 Март (Понеделник)
Рок Вевер Short cuts @Точка @ 11.00

16 Март (Вторник) – 21 Март (Недела)
Работилница со Mартин Сондеркамп
Место: МБУЦ ‘’Илија Николовски-Луј" (студио 4)
Време: 12.00 – 18.00

17 Март (Среда)
Отворена дискусија/Презентација– Современиот танц во Македонија - инцидент или сцена?
Со: Соња Здравковска Џепароска, Искра Шукарова и Деан Дамјановски
Модератор: Биљана Тануровска-Ќулавковски 
Место: Точка
Време: 19.30 – 22.00

22 Март (Понеделник)
Слободен ден

23 Март (Вторник) – 28 Март (Недела)
I - Share
Место: МБУЦ ‘’Илија Николовски-Луј" (студио 4)
Време: 11.30 – 13.00

23 Март (Вторник)
Работилница со Драгана Алфиревиќ и Елена Марчевска
Место: Точка
Време: 13.30 – 18.00

24 Март (Среда) – 28 Март (Недела)
Работилница со Драгана Алфиревиќ и Елена Марчевска
Место: Мала сцена, Драмски театар.
Време: 13.30 – 18.00

29 Март (Понеделник)
Слободен ден

30 Март (Вторник)
Предавање: Работилница за проект менаџмент во култура со Биљана Тануровска Ќулавковски
Место: Tочка
Време: 12.00 – 14.00

31 Март (Среда)
Заминување на учесниците

 

          Извор „Форум„ 13.03.2010

 
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.