|
"ХОТЕЛ ЕВРОПА" ВО АНТОЛОГИЈА НА ЕВРОПСКА ДРАМА ВО САД |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Понеделник, 08 Март 2010 14:54 |
|
"Демонот" на Стефановски ќе се игра во Париз
Драмите на Горан Стефановски се преведоа во Париз, Америка и во Братислава
Неодамна во Антологијата на европски драми во Америка е објавен и драмскиот текст на Горан Стефановски "Хотел Европа". Тој текст беше дел од еден комплексен процес кој траеше една година, продукцијата ја режираа 9 режисери, а играа 25 актери од повеќе земји. "Хотел Европа" се играше во пет европски градови во напуштени објекти, а беше продуцирана од "Интеркулт" од Шведска. Драмата "Демонот од Дебар маало" од Стефановски деновиве излезе од печат во Париз на француски јазик, во превод на Марија Бежановска. Договорено е текстот да биде поставен во Париз годинава, а ќе го режира Доминик Долмие. Во предговорот пишува дека Дебар маало е населба која го преживеала катастрофалниот скопски земјотрес, и се наоѓа спроти Универзалната сала, која е синоним за солидарност и реконструкција. До ова маало се стигнува преку булеварот Партизанска. Таму живее херојот на Стефановски Коце, кој се бори да ја заштити Македонија во која тој верува, да ја заштити од противречностите на модерното време. "Демонот од Дебар маало" ќе се постави и во Суботица, а ќе ја режира Драгана Милошевска. Во новостите од Горан Стефановски е и книгата "Избрани драми" објавена во Братислава, а во превод од Јан Јанкович. Извор „Вест„ 08.03.2010
|