„Травијата“ вечерва на сцената на МОБ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 05 Март 2010 13:45

На сцената на Македонската опера и балет, вечерва во 20 часот повторно може да се проследи Вердиевата опера „Травијата“.

Диригентската палка е во рацете на Бисера Чадловска, а во претставата учествуваат гостинката од Бугарија Маријана Панова како Виолета, Ѓорѓи Цуцковски и Горан Начевски во улогите на Алфред и Жорж Жермон.

Во останатите улоги настапуваат: Флора – Катерина Бошковска, Анина – Серафина Фантаузо, Барон Дуфол – Кирју Лијаковски, Маркиз Обињи – Ристе Велков, Гастон Леториер – Зоран Даскаловски, Д-р Гренвил – Бранислав Поп Георгиевски, Јозеф – Дејан Тошев, Комесар – Игор Гиновски, како и оркестарот, хорот на Операта и ансамблот на Балетот на МОБ.

Солисти во балетот се Саша Ефтимова и Бобан Ковачевски, а режисер на претставата е Емил Бошнаков (Бугарија), сценографијата е на Живојин Трајановиќ, а костимите се на Марија Пупучевска. (Н.П.)

 

          Извор “Утрински весник„ 05.03.2010

 
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.