|
Добредојдовте
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Среда, 28 Октомври 2009 08:10 |
|
Колумна на Трајче Кацаров Треска. Така е насловена книгата со девет раскази на нобеловецот Ле Клезио. Во предговорот на истата авторот изјавува: „Мислам дека животот премногу заморува... Треба да се поднесат сите каснувања на постоењето при тоа ослободувајќи се од премногу помнење... Секојдневно ја губиме главата поради некаква мала треска, забоболка, некаква минлива вртоглавица. Нашата кожа, нашите очи, нашите уши, нашите носеви, нашите јазици натрупуваат многу впечатоци од кои ниту еден не може да се заборави. Ние сме вистински вулкани“. Во предговорот Жан Мари Гистав ле Клезио, овенчан со Нобеловата награда во 2008 година, објавува дека е многу тешко да се занимаваш со уметност. Но, бидејќи во природата е се завршено и никој не може ништо да измени, тој го прифаќа предизвикот на уметничките форми и почнува да пишува за каснувањата што му ги прави постоењето. Во насловниот расказ на книгата преку еден од ликовите (уличниот сликар) зборува за тоа дека природата е најголемиот, најдобриот, најплодниот сликар. Па, на тие што се нафатиле да сликаат не им останува ништо друго освен да ја прецртуваат. Уличниот сликар во расказот застанува наспроти избраниот објект или пејзаж и го слика, всушност, ја прецртува неговата природна убавина. Прецртувачите, за разлика од природата, имаат право на избор. Можат да бидат селективни. Да го прецртуваат само тоа што им се допаѓа. Но, можат и да решат каде ќе го создадат своето дело и кому ќе му го покажат. Уличниот сликар во расказот на Ле Клезио и раскажува на Елизабета, жената што ја портретира, дека за него најдобар сликар е тој (споменува конкретна личност од неговото детство) што сликал на плочникот од тротоарот. Откако ќе ги насликал прекрасен пејзаж или нечиј портрет се повлекувал настрана за да види како минувачите се однесуваат со неговото дело и со колку ситни монети ќе го наградат. Некои од минувачите намерно ги стругале нозете од плочникот на кој било изложено делото на сликарот. Понекогаш и дождот го бришел делото брзо, многу брзо. Сепак сликарот бил задоволен. Не сакам да давам мои заклучоци зашто дефинирањето на уметноста секогаш излегувало погрешно, но сметам дека непретенциозната секогаш останува повпечатлива. Пред некој ден во моето театарско живеење се случи една таква непретенциозна претстава: „Го сакам Њофра“ на ХНК од Вараждин, во режија на Стојан Матавуљ, покрај него женскиот лик го игра Ирена Брекало. Нејзините творци како да немале никаква друга намера освен како сликарите во расказот на Ле Клезио, да застанат покрај „одбрана“ публика на тротоар или на плоштад и да покажат како набрзина ја прецртуваат природата. Станува збор за семејна драма во која учествуваат мажот и жената и нивната ќерка, која физички не се појавува во сценскиот агон, но е предизвикувач. Откако ќе ги извести родителите преку писменце залепено со гума за џвакање на тоалетното огледало дека ќе се мажи, настануваат моралните недоразбирања. Таткото, конзервативец, строго стои на страната на пропишаните морални норми на релацијата родители-деца, а мајката обземена од емоциите што ги предизвикува евентуалната среќа за чедото бара поприфатлив однос кон одлуката, изборот на ќерката. Приказната завршува, како што би рекол Ле Клезио: „Мислам дека животот премногу заморува. Секако, сега е се завршено и јас овде не можам ништо да променам“. На крајот сакам да изнесам дека непретенциозната авторска работа (текстот) режисерската и актерската, приложија театарска изјава што може да помогне да се поднесат сите каснувања што нашиот театарскиот живот безмилосно ни ги нанесува. Извор „Време„ 28.10.2009 |
|
Сараево гласа за Иван Поповски |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Среда, 28 Октомври 2009 08:07 |
|
СИНОЌА ЗАВРШИ ПРЕСТИЖНИОТ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ МЕСС Претставата „Четири годишни времиња“ на нашиот режисер Иван Поповски е фаворит на публиката на Интернационалниот фестивал МЕСС, кој заврши синоќа во Сараево, а чиишто награди ќе бидат познати во текот на денов. На официјалната веб-локација на фестивалот стои податокот дека на два дена пред крајот на МЕСС, претставата на Поповски е во водство според гласовите на публиката, која ги оценува изведбите независно од стручното жири. Според тие податоци, просечната оценка за оваа претстава е 9,58, додека втората, „Мачорот во чизми“ има 9,49. Поповски ја правеше „Четири годишни времиња“ за московскиот театар на музика и на поезија „Елена Камбурова“, а нашата публика имаше можност да ја види на минатото издание на фестивалот „Охридско лето“, каде што доби одлични критики. Босанскиот весник „Дневни аваз“ пишува дека рускиот спектакл ги одушевил сараевците, а за Поповски се вели дека е еден од најзначајните режисери на денешницата. Пред одигрувањето на „Четири годишни времиња“ во Сараево, Поповски изјавил: „Претставата ме чинеше многу нерви, а процесот на нејзино настанување беше многу чуден. Прво организирав работилница на која пеевме и разговаравме за годишните времиња, потоа следуваше пауза од една година во која размислував само за сценографијата и се прашував дали сево ова воопшто ќе има смисла“, изјавил Поповски. Жирито ќе решава за најдобра претстава во целина, за најдобар режисер и за најдобар актер. За овие категории се доделува наградата „Златен ловоров венец“ . „Сребрен ловоров венец“ ќе има за најдобрите претстави во категориите „Ворлд“, „Мителеуропа“ и „Чилдрен“, а ќе се додели и награда за најдобар млад актер и за најдобар млад режисер. На годинашното, 49. издание на театарскиот фестивал, кое траеше од 16 до 26 октомври, имаше претстави на четворица наши режисери. Освен претставата на Иван Поповски, во Сараево се одиграа и „Друга страна“ во режија на Мартин Кочовски, а во продукција на битолскиот Мал драмски театар, потоа „Детето со куферот“ во режија на Зоја Бузалковска на Детскиот театарски центар од Скопје и „Кандид или оптимизам“ во режија на Александар Поповски, а во продукција на Југословенско драмско позориште од Белград. Минатата година претставата „Тапани во ноќта“ на прилепскиот театар, а во режија на Мартин Кочовски доби четири награди на престижниот МЕСС. Годинава на МЕСС имаше повеќе од 500 уметници, актери, режисери, театарски критичари и други театарски професионалци од 13 земји.
Извор „Време„ 28.10.2009 |
|
Последно освежено на Среда, 28 Октомври 2009 08:10 |
|
„Друга страна“- најдобра претстава од критиката |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Вторник, 27 Октомври 2009 10:58 |
|
На претставата Друга страна на Мал драмски театар – Битола и е доделена наградата на тркалезната маса на критиката „Клуч Тмаче“ на 49. Меѓународен театарски фестивал – МЕСС 2009, што синоќа заврши во Сараево.
Претставата е работена по текстот на Дејан Дуковски, а е во режија на Мартин Кочовски.
Рано утринава фестивалските награди беа соопштени на пресот кој се одржа во Сараево, по изведбата на двете претстави што беа прикажани на последниот фестивалски ден ─ Вечерва импровизираме од Италија и Медеја од Франција. Фестивалот започна на 16 октомври и беа изведени 25 претстави од 13 земји, во четири категории.
Наградата Гранд при ─ Златниот венец за најдобра претстава меѓународното жири и ја додели на претставата Изабелината соба од Белгија, а златен венец за најдобра режија го доби Паоло Маџели за Вечерва импровизираме. Златни венци за најдобри актерски остварувања добија Ервин Браво од Звер на месечина на Театарот на младите од Мостар и Вивијан де Муинч за Изабела во Изабелината соба.
Сребрениот ловоров венец и припадна на претставата Лед на Народниот театар во Будимпешта, Унгарија. Според гласовите на публиката најдобра е претставата Четири годишни времиња на театарот „Елена Камбурова“ во режија на Иван Поповски./кр Извор „Макфакс„ 27.10.2009 |
|
Последно освежено на Вторник, 27 Октомври 2009 11:01 |
|
Битолскиот театар гостува во Елбасан |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Вторник, 27 Октомври 2009 08:52 |
|
 Битолскиот театар утревечер во албанскиот град Елбасан ќе ја одигра претставата „Г-ца Јулија‘‘ од Август Стриндберг, во рамките на Интернационалниот театарски фестивал „Скампа“. Претставата е во режија на Благој Мицевски, а играат актерите Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Иван Јерчиќ. Автор на видео - дизајнот е Ана Јорданова, на сценските движења: Ги Сонен, а на сценографијата и костимите Ненад Ждеро. Во програмата на годинешното, единаесетто издание по ред издание на Фестивалот наречен „Отвореност“ се вклучени семинари, работилници и дискусии. Фестивалот е со натпреварувачки карактер и ги вреднува театарските вредности кои се потпираат на нетрадиционалните иновации, провокативност и контроверзност, барајќи нови форми на изразување. (К.Б.) Извор „Утрински весник„ 17.10.2009 |
|
|
|
|
|
|
Лист 163 од 178 |
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.
|
|
Кој е на линија
Има 6 гости присутни
|