Добредојдовте
Тенорот Благој Нацоски настапува во Баварија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 15 Јануари 2010 12:41

Нашиот тенор Благој Нацоски вечерва првпат ќе настапи во престижната Баварска државна опера во Минхен со улогата на Ферандо во операта „Така прават сите“ од Моцарт. Тоа ќе биде првпат наш уметник да настапува на сцената на тој театар во Германија.

Операта „Така прават сите“ во Баварската опера била поставена пред 18 години и поради големиот успех кај публиката, од тогаш редовно се поставува на оперскиот репертоар. За Нацоски тоа ќе биде петти пат да настапува во улога во тоа оперско дело. Досега, играјќи во таа опера, тој настапи во оперските куќи на Цирих, Штутгарт, Џенова и Клагенфурт.

- Улогата на Ферандо последен пат ја пеев во Штутгарт, во ноември 2007 година, и со големо задоволство се враќам на истата по повеќе од две години пауза. Тоа е мојата омилена улога и навистина пресреќен сум што токму со неа ќе дебитирам во овој престижен театар. И покрај многубројните претстави на „Така прават сите“ кои ги имам испеано, во овие денови откривам уште колку многу нови нешта можам да додадам во интерпретацијата на оваа улога и чувството е прекрасно бидејќи Ферандо го чувствувам уште повеќе мој и никако не ми здодејува да го изведувам - вели Нацоски.

Режијата е на Дитер Дорн, а диригентската палка му е доделена на Ајвор Болтон. Со Благој настапува интернационална екипа, и тоа Ага Миколај, Анџела Браун, Николај Борчев, Лоренцо Регацо и Лаура Татулеску. По премиерата претставата месецов репризно ќе биде изведена уште три пати.

По Минхен, Благој Нацоски заминува веднаш за САД, каде што ќе настапи првпат во својата досегашна кариера и тоа во Операта на Сиетл, во улогата на Фентон во делото „Фалстаф“ на Верди.

 

          Извор „Дневник„ 15.01.2010

 
Бајката за сирената премиерно во Театарот за деца PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 15 Јануари 2010 12:30

Магија на костими со светло проследена со многу песни и музика е новата детска претстава „Малата сирена“, според бајката на Ханс Кристијан Андерсен, која премиерно ќе биде изведена утревечер во 19 часот, во Театарот за деца и младинци во Скопје.

Претставата за малата сирена од Русомир Богдановски е во режија на Деан Дамјановски, сценографијата е на Љубомир Чадиковски, костимите на Александар Ношпал, музиката на Љупчо Мирковски и кореографијата на Сања Шутевска.

Според директорот на Театарот за деца и младинци, Љубомир Чадиковски, оваа претстава е визуелна бајка со која е достигнат врвот во изработка на костимите.

- Бајката делува волшебно. Сценографијата, костимографијата, актерската екипа, режисерската работа и музиката функционираат беспрекорно, што придонесува за одлична претстава. Два елемента се пресудни за овој театар - добри костими и музика, а романтичната бајка кај децата предизвикува посебни чувства. Отсекогаш сме биле познати по костимите, но овој пат тие се врвот и беа работени три месеци - вели Чадиковски.

Претставата трае 54 минути, а во неа учествува целата ектерска екипа на театарот и тројца гости. Од гостите, во улогата на Принцот се појавува Ефтим Трајчов, Морската самовила и Златната кралица ги игра Зорица Стојановска, а Октоподот Кутричок е Марија Ѓорѓиовска. Малата сирена е Винета Дамческа, Морскиот лав Андерсен е Владимир Лазовски, Кралот на морето е Предраг Павловски, Златниот крал го игра Драган Довлев, улогите на Морската вештерка и Сребрената принцеза ги толкува Катарина Илиевска, а Големата сирена е Ана Левајковиќ.

За режисерот Дамјановски ова е прва детска претстава и тој вели дека одговорноста во детски проекти е поголема.

- Направивме еден поинаков крај на сценариото и „Малата сирена“ жанровски може да се смести на работ на детски мјузикл. Дозата на одговорност е многу голема кога се работи театар за деца и тежината на една детска претстава е огромна. Уживав во работата бидејќи се судрив со огромна професионалност и детската публика е за мене мотив повеќе - рече Дамјановски.

Претставата е дел од програмата за минатата година и веќе имаше претпремиера во декември. (М.Л.)

 

          Извор „Дневник„ 15.01.2010

 
Нови проекти на МНТ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 15 Јануари 2010 12:27

Македонскиот народен театар ја подготвува претставата „Суд“, според истоименото дело на Коле Чашуле, во режија на Љупчо Георгиевски. Премиерата ќе биде на почетокот на февруари. Директорот на МНТ, Сашо Миленковски рече дека е на пат феноменална претстава.

МНТ наскоро ќе почне да работи и на проектот со работен наслов „Десет песни за Марија“ од Дејан Дуковски во режија на Санди Лопечиќ. Станува збор за копродукциски проект со познатата „Ноекелнер опера“ од Берлин со учество на македонски актери и германски уметници. „Проектот, кој премиерно ќе биде изведен во април на фестивал во Берлин, го истражува музичкиот театар - од класичен мјузикл до оперета. Со тоа, како што посочи Миленковски, се отвора нова страница во дејноста на МНТ“.

На крајот на месецов (29 и 30 јануари) во МНТ ќе гостува Националниот театар на Хрватска со претставата „Важно е да се викаш Ернест“ според текст на Оскар Вајлд и во режија на Томислав Павковиќ. Настапуваат познати актери на ХНК Загреб. Нивниот настап е во рамките на билатералната спогодба на двете театарски куќи за годишни возвратни гостувања. (К.Р.)

 

          Извор „Утрински весник„ 15.01.2010

 
Малата сирена со среќен крај PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 15 Јануари 2010 12:24
Приказната "Малата сирена" од Ханс Кристијан Андерсен е најновата инсценација што ќе биде изведена премиерно утревечер (19 ч.) на сцената на Театарот за деца и младинци. Адаптацијата е на Русомир Богдановски, а режијата на Дејан Дамјановски. Спроед директорот Љубомир Чадиковски, чија е и сценографијата за претставата, "овојпат костимите на Александар Ношпал и нивната изведба од Љубица Велкова се врвно остварување". Музиката е на Љупчо Мирковски, кореографијата на Сања Шутевска.

Инаку, претставата изобилува со музика, песни кои дополнително придонесуваат за нејзината бајковитост. "По својот жанр нашата претстава е речиси на работ на детски мјузикл кој завршува со среќен крај", рече на вчерашниот прес режисерот Дамјановски. Тој не ги штедеше пофалните зборови за "високата доза на професионализам што владее во Театарот за деца и младинци, во сите сегменти".
Неспорно тука се и актерите: Винета Дамчевска, студентот на ФДУ Ефтим Трајчов (како гостин), Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев, Зорица Стојановска (к.г.), Катарина Илиевска, Марија Ѓорѓиовска (к.г.) и Ана Левајковиќ.

 

          Извор „Вечер„ 15.01.2010

 
НОВА ПРЕТСТАВА ВО РЕЖИЈА НА ДЕАН ДАМЈАНОВСКИ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 15 Јануари 2010 12:15

„Малата сирена“ во театарот за деца Претставата „Малата сирена“ од Ханс Кристијан Андерсен, во драматизација на Русомир Богдановски и во режија на Деан Дамјановски, премиерно ќе биде изведена утревечер во Театарот за деца и младинци во Скопје, од 19 часот. Станува збор за познатата бајка од Андерсен за сирената која се заљубува во млад и убав принц и посакува да стане човек. Наместо трагичниот крај на приказната, во кој принцот ја напушта сирената женејќи се со друга девојка, постановката во Театарот за деца и младинци носи среќен завршеток. Директорот на куќата Љубомир Чадиковски вели дека костимите за претставата, по чијашто вешта изработка е познат овој театар, овојпат го достигнуваат врвот во умешноста. Костимографијата е правена цели три месеци, по дизајн на Александар Ношпал, а во изведба на Љубица Велкова. - Со светлото, костимите, режијата, изведбата и сценографијата, претставата е волшебна. Станува збор за романтична бајка која кај децата предизвикува посебни емоции. Тие денес се информирани за се, а кога ќе дојдат во театар, треба да ја почувствуваат магијата - вели Чадиковски. За режисерот Дамјановски оваа претстава е на работ да се нарече детски мјузикл бидејќи во неа музичкиот дел е застапен со голем процент. - За разлика од публиката од другите театри, која има старосна возраст над 15 години, овде публиката е точно дефинирана. Точно се знае кој ќе ја гледа претставата и конкретно се исполнува таа задача. За мене тоа е мотив плус. Дозата одговорност, пак, кога се прави проект за деца е многу висока, но јас уживав во работата - вели Дамјановски. Во „Малата сирена“ играат актерите: Винета Дамческа, Ефтим Трајчов, Владимир Лазовски, Предраг Павловски, Драган Довлев, Зорица Стојановска, Катарина Илиевска, Марија Ѓорѓијовска и Ана Левајковиќ. Сценографијата е на Љубомир Чадиковски, музиката на Љупчо Мирковски, а кореографијата на Сања Шутевска.

 

          Извор „Време„ 15.01.2010

 
«ПочетокПред101102103104105106107108109110СледноКрај»

Лист 104 од 179
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.
 

Анкета

Дали сте задоволни од театрската понуда во Македонија
 

Кој е на линија

Има 4 гости присутни

Реклами

Најнови!
Банер
Банер
Банер
Банер