|
Монодрамата „Љубов моја“ во Охрид |
|
|
|
|
Напишано од Нелко Нелковски
|
|
Вторник, 27 Јули 2010 10:56 |
|
Актерката Јоана Поповска ќе ја изведе монодрамата „Љубов моја“, која режисерот Љупчо Ѓорѓиевски ја работеше според дела на повеќе автори, вечерва во 21 часот во предворјето на „Св. Софија“ во Охрид. Со претставата Поповска учествувала на неколку фестивали и добила признанија. Музиката за претставата ја направи Марјан Неќак, сценографијата е на Драган Ангеловиќ, а костимите на Благој Мицевски.
- Фикцијата е свесно лажна претстава - и покрај нејзината невистинитост, со право се смета корисна зашто ни помага да го поднесеме животот. Не е точно дека она што е добро мора да е вистинито. Има штетни вистини и плодни заблуди, а во нив спаѓаат сите наши идеали. Врз таа основа го градам својот однос кон животот и кон светот - вели Поповска, која е доајен на нашето глумиште.
|