|
Филхармонијата со Коган и "Галеб" на Азарјан
Рускиот виолинист Виктор Третјаков е солист на вечерашниот концерт на Македонската филхармонија од 21 часот, во предворјето на "Св.Софија", во рамки на Охридско лето. Солист на виолина ќе биде и Наталија Лихопои од Русија, а диригент е реномираниот Павел Коган, кој учествувал на Фестивалот како диригент во 1985 година, а како виолинист настапувал 9 пати. На програмата се дела од Бах, Брух, Прокопиев и од Бетовен. За Третјаков, селекторката на музичкиот дел Гордана Јосифова - Неделковска вели дека, без никакви предрасуди, може да се вброи меѓу уметниците кои ги одбележаа третата и четвртата деценија на Фестивалот. "Третјаков настапи четири пати о свои рецитали на Фестивалот. За концертот во 1996 година, кога настапувал заедно со пијанистот Михаил Јерохин, Третјаков и Јерохин се добитници на наградата 'Изида' за најдобар концерт на тоа фестивалско издание", објаснува Јосифова - Неделковска. Влезницата чини 1.000 денари. Утревечер (21ч.) во Центарот за култура "Григор Прличев" игра претставата "Галеб" од Чехов од Театарот на Армијата од Софија, Бугарија, на режисерот Крикор Азарјан, кој почина минатата година. За претставата изјавил: "'Галеб' отсекогаш за мене бил една од најатрактивните драми пишувани од Чехов. Чехов гледал на луѓето, на светот, на нештата во животот со полифоничен поглед. Секогаш има работи кои се преклопуваат и ова преклопување е особен близок поим за мене. Овие контрасти: висок - низок, силен - слаб, голем-мал прават импликации кои се многу поважни од значењето на изговорените зборови. И ова е театар! Зошто 'Галеб'? Тоа е фундаментален дел од еден комплекс на вечните теми. Тоа е претстава за љубовта, за смртта, за креативноста; згора на тоа, за конфликтот меѓу генерациите, родителите и децата". Влезот чини 300 денари. Извор „Вест„ 24.07.2010
|