Добредојдовте
Монодрамата „Љубов моја“ во Охрид PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Вторник, 27 Јули 2010 10:56

 

Актерката Јоана Поповска ќе ја изведе монодрамата „Љубов моја“, која режисерот Љупчо Ѓорѓиевски ја работеше според дела на повеќе автори, вечерва во 21 часот во предворјето на „Св. Софија“ во Охрид. Со претставата Поповска учествувала на неколку фестивали и добила признанија. Музиката за претставата ја направи Марјан Неќак, сценографијата е на Драган Ангеловиќ, а костимите на Благој Мицевски. 

- Фикцијата е свесно лажна претстава - и покрај нејзината невистинитост, со право се смета корисна зашто ни помага да го поднесеме животот. Не е точно дека она што е добро мора да е вистинито. Има штетни вистини и плодни заблуди, а во нив спаѓаат сите наши идеали. Врз таа основа го градам својот однос кон животот и кон светот - вели Поповска, која е доајен на нашето глумиште.
 
 
 
Авторски проект на Јоана Поповска на „Охридско лето“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Вторник, 27 Јули 2010 10:51


Со вечерашната изведба на проектот „Љубов моја“, Поповска го одбележува јубилејот - 50 години творештво

Невена Поповска

Јоана Поповска е доајен на македонското актерство и 50 години присутна на македонската театарска сцена. Во својата богата актерска кариера одигра повеќе од 300 улоги од светската, европската и домашната драматургија. Останаа запаметени нејзините ликови: Офелија во „Хамлет“, Дездемона во „Отело“, Живка во „Г-ѓа министерка“, Мара во „Свадбата на Мара“, Велика во „Пиреј“, „А“ во „Трите високи жени“, Ана во „Дама за еден ден“, Војводката од Јорк во „Ричард III“, Елени во „Зет за Кристина“, Варвара во „Последните селани“ и многу други.

„Моите педесет години на штиците што живот значат поминаа како за час. Кога ќе се навратам во минатото, се сеќавам дека во театарот почнав толку млада, бев дете што не ги ни броев годините. Но, сега сфаќам дека зад мене е половина век работа. И се уште од театарот не се откажувам. Ова за мене е голема среќа“, вели Јоана Поповска, кога зборува за својот педесетгодишен јубилеј. 

Актерката која е една од водечките во современиот македонски театар, оставајќи силен печат и на светски фестивали, зад себе има една долга листа од над 330 одиграни ролји. И според нејзините пресметки, илјадници одиграни претстави. Подеднакво успешни се и нејзините улоги на македонската филмска сцена. 

„Тешко е во овие изминати пет децении, со прецизност да се каже колку претстави сум одиграла. На пример, претставата ’Свадбата на Мара‘, ја одиграв над стопати. Сега можам да кажам дека без Мара не сум можела за живеам. Со таа улога направив многу работи. Но тука е и улогата на Велика од 'Пиреј'. Не сум одбила ниту една улога во мојата кариера, иако понекогаш ми било тешко да играм во претстави каде режисерите „не си ја знаеле својата работа“, вели со гордост Јоана. Си споменува на годините кога актерите од Битолскиот народен театар играле на „штици што зјаат“, без никакви услови за работа, на минус 40 степени. Но, имале една цел, да прават квалитетни претстави.

Поповска е добитничка на врвните признанија:„11 Октомври“, „4 Ноември“ за животно дело, „Стериина награда“, „Ловоров венец“ - МЕС Сараево, „Животно дело“-Македонски театарски фестивал, „Ристо Шишков“-Струмица, „1 Мај“ за труд, три награди за главни улоги на фестивалот „Војдан Чернодрински“, четири пати прогласена за актерка на Европа во Украина, Косово, Албанија и Македонија со монодрамата „Столови“ - Ежен Јонеско, и многу други. „Ова признание го добив на фестивалот за монодрама ’Моноакт‘ што се одржа во Приштина и во Пеќ на Косово. Таму настапив со монодрамата ’Столови‘ од Ежен Јонеско во режија на Љуба Милошевиќ“, ни изјави Поповска. Бидејќи по четврти пат го добива ова високо признание, актерката смета дека еден актер четири пати да се закити со ваква титула, тоа е навистина голема работа.

„Јоана Поповска за мене не е име. Таа е симбол, лик, метафора, идеја. Кога ќе помислам на неа секогаш пред очите како блесоци ми излегуваат нејзините креации на сцената на стариот Битолски театар. Гордата реплика на Цвета: ’Умрев ама турчинка не станав‘, крикот на младата девојка во ’Јелена Четковиќ‘ на крајот од вториот чин кога и ја гаснат цигарата од раката, Антигона кога пати и го советува Орест како да го одмазди татко им Агамемнон. Помнам како на десет годишна возараст се криев во ложите на стариот театар за да ги следам пробите на ’Свадбата на Мара‘ кога Јоана како Мара плачеше за нејзиниот љубен. Додека го пишувам текстов се наежувам при помислата на сцената кога како Велика од ’Пиреј‘ ги тажи своите деца кои едно по едно и умираат на раце.“, вели Ѓорѓи Јолевски, драмски селектор на „Охридско лето“ и продолжува: „Сите улоги одиграни подоцна во Македонскиот народен театар се бисер до бисер за во мојата меморија неизбришан да остане чинот на љубовните погледи помеѓу Шишков како Иванов и Јоана како неговата љубена. Нејзината страст за театар не запира и по нејзиното пензионирање влегувајќи од улога во улога и Жане, како што ја викаат блиските, се чувствува и однесува како да е на почетокот на кариерата обидувајќи се да ни ја подари сета своја снага, енергија и љубов со која е исполнета секоја пора од нејзината става, секоја клетка од нејзиниот мозок и секоја капка крв од нејзиното големо срце. Она што ќе ни го дари во предворјето на преубавата „Света Софија“ не е монодрама на актерка која го слави својот голем јубилеј, 50 години од своето актерско дејствување и не е само подарок за големиот јубилеј 50 години од постоењето на ’Охридско лето‘, на кое има настапувано многу пати со најразлични ликови во големи претстави. Јоана Поповска одново и повторно ќе го преживее својот живот како театарска реминисценција користејќи ги ликовите од своето минато и сегашност, несебично дарувајќи ни ја целата своја љубов и потсетувајќи не дека уште долго ќе уживаме во нејзината уметност."

 

          Извор „Утрински весник„ 28.07.2010 

 
ОХРИДСКО ЛЕТО PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Вторник, 27 Јули 2010 10:30

Љубов моја со Јоана Поповска


Во рамките на Охридско лето вечерва во предворјето на Св.Софија (21 часот) ќе се одржи претставата "Љубов моја" - авторски проект на Јоана Поповска. Поповска е доајен на македонското глумиште и 50 години е присутна на македонската театарска сцена. Во својата богата актерска кариера одиграла повеќе од 300 ролји од светската, европската и домашната драматургија. Останаа запаметени нејзините ликови: Офелија во "Хамлет", Дездемона во "Отело", Живка во "Г-ѓа министерка", Мара во "Свадбата на Мара", Велика во "Пиреј", "А" во "Трите високи жени", Ана во "Дама за еден ден" и многу други. Добитничка е на врвните признанија. Билет за претставата чини 200 денари.

 

          Извор „Вечер„ 28.07.2010 

 
ВИ­КЕН­ДОВ НА ОХ­РИД­СКО ЛЕ­ТО PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Сабота, 24 Јули 2010 20:05

Фил­хар­мо­ни­ја­та со Ко­ган и "Га­леб" на Азар­јан

Рус­ки­от ви­о­ли­нист Вик­тор Трет­ја­ков е со­лист на ве­че­раш­ни­от кон­церт на Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја од 21 ча­сот, во пред­вор­је­то на "Св.Со­фи­ја", во рам­ки на Ох­рид­ско ле­то. Со­лист на ви­о­ли­на ќе би­де и На­та­ли­ја Ли­хо­пои од Ру­си­ја, а ди­ри­гент е ре­но­ми­ра­ни­от Па­вел Ко­ган, кој учес­тву­вал на Фес­ти­ва­лот ка­ко ди­ри­гент во 1985 го­ди­на, а ка­ко ви­о­ли­нист нас­та­пу­вал 9 па­ти. На прог­ра­ма­та се де­ла од Бах, Брух, Про­ко­пи­ев и од Бе­то­вен.
За Трет­ја­ков, се­лек­тор­ка­та на му­зич­ки­от дел Гор­да­на Јо­си­фо­ва - Не­дел­ков­ска ве­ли де­ка, без ни­как­ви пред­ра­су­ди, мо­же да се вброи ме­ѓу умет­ни­ци­те кои ги од­бе­ле­жаа тре­та­та и чет­вр­та­та де­це­ни­ја на Фес­ти­ва­лот.
"Трет­ја­ков нас­та­пи че­ти­ри па­ти о свои ре­ци­та­ли на Фес­ти­ва­лот. За кон­цер­тот во 1996 го­ди­на, ко­га нас­та­пу­вал за­ед­но со пи­ја­нис­тот Ми­ха­ил Је­ро­хин, Трет­ја­ков и Је­ро­хин се до­бит­ни­ци на наг­ра­да­та 'Изи­да' за нај­до­бар кон­церт на тоа фес­ти­вал­ско из­да­ние", об­јас­ну­ва Јо­си­фо­ва - Не­дел­ков­ска. Влез­ни­ца­та чи­ни 1.000 де­на­ри.
Ут­ре­ве­чер (21ч.) во Цен­та­рот за кул­ту­ра "Гри­гор Пр­ли­чев" иг­ра прет­ста­ва­та "Га­леб" од Че­хов од Те­а­та­рот на Ар­ми­ја­та од Со­фи­ја, Бу­га­ри­ја, на ре­жи­се­рот Кри­кор Азар­јан, кој по­чи­на ми­на­та­та го­ди­на.
За прет­ста­ва­та из­ја­вил: "'Га­леб' от­се­ко­гаш за ме­не бил ед­на од нај­ат­рак­тив­ни­те дра­ми пи­шу­ва­ни од Че­хов. Че­хов гле­дал на лу­ѓе­то, на све­тот, на неш­та­та во жи­во­тот со по­ли­фо­ни­чен пог­лед.
Се­ко­гаш има ра­бо­ти кои се прек­ло­пу­ва­ат и ова прек­ло­пу­ва­ње е осо­бен бли­зок по­им за ме­не. Овие кон­трас­ти: ви­сок - ни­зок, си­лен - слаб, го­лем-мал пра­ват им­пли­ка­ции кои се мно­гу по­важ­ни од зна­че­ње­то на из­го­во­ре­ни­те збо­ро­ви. И ова е те­а­тар!
Зош­то 'Га­леб'? Тоа е фун­да­мен­та­лен дел од еден ком­плекс на веч­ни­те те­ми. Тоа е прет­ста­ва за љу­бов­та, за смрт­та, за кре­а­тив­нос­та; зго­ра на тоа, за кон­флик­тот ме­ѓу ге­не­ра­ци­и­те, ро­ди­те­ли­те и де­ца­та". Вле­зот чи­ни 300 де­на­ри.

 

          Извор „Вест„ 24.07.2010

 
ИНТЕРВЈУ: ЗАГОРКА ПОП-АНТОСКА АНДОНОВСКА, ДРАМАТУРГ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Петок, 23 Јули 2010 10:48

Нема глад за драмски текстови

Театарската и филмската драматургија е сферата во која Загорка Поп-Антоска Андоновска изминатава деценија го втиснува својот културен печат. Важи за еден од најпоставуваните драматурзи кај нас. Лани ги издаде збирката драми „Чевлички од челик 1“, се случи праизведбата на нејзиниот текст „Лет во три глави“ во Македонскиот народен театар и нејзината драматуршка работа на интернационалниот проект „Касандра“. Ниту полето на документарниот филм не и' е туѓо - авторски ги потпишува документарците „Сенки на душата - Приказна за Стојан Конев и градот“ и „Адам и Ева“, за кој пред четири години доби посебно признание на Фестивалот за документарен филм „Загребдокс“.

Десетгодишната работа ја одбележа во минатиот месец со поставувањето на претставата „Душички“ во Кумановскиот театар како нејзино режисерско деби.

Македонско-црногорската претстава „Владимир и Косара“ е последното драматуршко остварување на Поп-Антоска Андоновска, кое вечерва во 20.30 часот во Куршумли ан премиерно ќе биде прикажано пред нашата публика. Претставата е во режија на Слободан Милатовиќ, а копродукција меѓу фестивалот „Барски љетопис“ од Црна Гора и Скопско лето од Македонија.

Драматург во својство на режисер

Повторно соработувате со режисерот со кој ја работевте „Касандра“ на еден нов копродукциски проект. Дали токму од успехот на „Касандра“ се роди „Владимир и Косара“?

- Идејата за претставата „Владимир и Косара“ беше на режисерот Слободан Милатовиќ. Тој предложи да направиме нов копродукциски проект што ќе ги поврзе нашите две земји, нашите две култури. Така се одлучивме за приказната за Косара, ќерката на Самуил и нејзиниот сопруг кралот Владимир, крал на Дукља. Тоа е една силна, љубовна приказна што е на работ меѓу историјата и легендата. Таа ми беше силна инспирација и провокација авторски да ја претворам во драмски текст. Тоа е текст што се занимава со искушението на Косара да ја жртвува својата чиста душа за спас на животот на својот маж, светиот крал Владимир, кој се' би сторил да ја спаси нејзината душа. Претставата беше премиерно изведена на 16 јули, на отворањето на фестивалот „Барски љетопис“. Поради големиот интерес на црногорската публика за оваа приказна за светиот крал Владимир, кој е заштитник на градот Бар, беше одиграна и на 17 јули. Самата претстава е специфична во поглед на јазикот. Весна Гаврил, која ја игра улогата на Косара, зборува на македонски јазик, додека Црногорецот Миќо Обрадовиќ како Владимир зборува на својот мајчин јазик.

Во минатиот месец дебитиравте како режисер со претставата „Душички“ во Кумановскиот театар, која е комплетно Ваш авторски проект. Каков е предизвикот да се работи сопствен текст?

- Имавме прекрасен, спокоен и креативен процес. Работев со одлична екипа, и тоа е голема привилегија за секој режисер. Многу ми е чудно кога ќе речам режисер, бидејќи јас се чувствувам како драматург и драматичар во својство на режисер. Што се однесува до предизвикот да се режира сопствен текст, предизвикот е огромен. Возбудата е неопислива. Конечно претставата што се игра во твојата глава, додека се пишува текстот, се материјализира на сцената. Секако, низ актерската креација. Така првобитната идеја се споделува со публиката. Тоа е посебно важно за праизведбите. Честопати на македонската сцена во праизведбите се повредува текстот, а со тоа и авторот на текстот. Постојат многу причини поради кои се одлучив за Кумановскиот театар. Претставата останува на редовен репертоар на Кумановскиот театар и се надевам дека ќе има долг живот.

Драмите - белег на ова време

Моментно, Вашите текстови се меѓу најпоставуваните текстови од македонски автор. Дали кај нас се бараат домашните текстови?

- Драмски текстови има, а ќе има уште повеќе ако има интерес за нив во театрите. Сметам дека е прашање на некаков тренд кај македонските режисери да создаваат големи концепти на веќе илјадапати изиграни текстови. За да се постави праизведба на современ текст навистина е потребна храброст и голем режисерски потенцијал. Унковски тоа го правеше долго во Македонија, а сега го прави и во регионот. Благодарение на ваквите состојби, може да се заклучи дека Македонија е една од ретките земји во кои нема глад за нови драмски текстови. Тоа Министерството го знае и им дава приоритет на таквите.

Колку кај нас се цени работата на драматургот, со оглед на тоа што е мал бројот на вработени драматурзи во театрите?

- Одговорот лежи во вашето прашање. Во македонските театри главно нема вработени драматурзи. Тоа се гледа и во репертоарската политика на театрите и во квалитетот на претставите. Улогата на драматургот во театарот мора да е суштинска, а не формална. Мислам дека ќе помине многу време додека се достигне ова. Проблемот лежи на друго место, но тоа е долга приказна.

Во годинашната програма за култура е селектирана Вашата збирка „Драми 2, Урнатини“. Кога ја планирате промоцијата и дали и „Душички“ ќе биде дел од оваа збирка?

- Во септември ќе биде промоцијата на вториот дел од збирката мои драми создадени во последната деценија. Исто како и во првата, ќе бидат издадени четири драмски текста и тоа: „Душички“, „Владимир. Косара. И љубовта“, „Грев“ и „Истрели“, со што ќе биде заокружена бројка од осум мои издадени драмски текстови. Му благодарам на Министерството за култура што се грижи за опстојбата на македонската современа драма и низ публикациите. Тоа е тоа што ќе остане по нас, како белег на ова време.

Марина Лазаревска

 

          Извор “Дневник„ 23.07.2010

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Лист 1 од 163
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.
 

Анкета

Дали сте задоволни од театрската понуда во Македонија
 

Кој е на линија

Има 6 гости присутни

Реклами

Најнови!
Банер
Банер
Банер
Банер