Велес, 17 декември 2011 (МИА) - На сцената на велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот‘‘ синоќа премиерно беше изведена претставата „Онегин‘‘, според романот во стихови на Александар Сергеевич-Пушкин по препев на Георги Сталев, а во режија и драматизација на Ѕвезда Ангеловска.
Улогата на Онегин ја играше Васил Зафирчев, улогата на Владимир Ленски-Роберт Ристов, како мадам Ларина настапи Слободанка Чичевска, а улогите на Олга Ларина, Кети Борисовска и Татјана Ларина беа во изведба на Маја Љутков.
Актерот Васил Зафирчев изјави дека Онегин е само она што може да го посака секој актер во својата биографија.
- Ова е првпат во мојата кариера и воопшто во животот да сфатам колку е важно животното искуство за една улога. Тоа во оваа улога ми се покажа најсилно, најмоќно и сфатив многу рано во процесот дека не треба да правам ништо, туку само да ја раскажам мојата интимна приказна низ еден текст што се вика „Онегин“. Мојата интимна