Добредојдовте
„Пер Гинт“ во режија на Александар Поповски на Охридско лето PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Сабота, 13 Март 2010 03:48

Публиката во загрепскиот театар „Гавела“ долго по последната реплика во претставата „Пер Гинт“ не престана да ракоплеска. Македонскиот режисер Александар Поповски направил одлична претстава, вели селекторот на драмската програма на Охридско лето, Ѓорѓи Јолевски. Откако ја видел премиерата што беше завчеравечер, Јолевски решил да ја донесе на Охридско лето.

- Видов една прекрасна претстава која, секако, треба да ја види македонската публика. Охридско лето е вистинска можност - ни рече Јолевски.

Претставата „Пер Гинт“ е според текстот на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен, а со музика од битолската група „Фолтин“.

Сценографијата на претставата е на групата „Нумен“, костимографијата е на Марите Чопо. Пер Гинт го игра Озрен Грабариќ, а во останатите улоги играат Алма Прица, Дијана Видушин, Наташа Јањиќ, Божидар Бобан, Свен Шестак, Ненад Цветко, Ивана Рошчиќ, Ксенија Пајиќ, Хрвоје Клобучар, Младен Васари, Ранко Зидариќ и Филип Шоваговиќ.

Поповски вторпат режира во „Гавела“ откако пред две години ја постави „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, претстава што досега освои 11 награди на фестивалите во Хрватска и надвор.

 

          Извор „Дневник„ 13.03.2010

 
Едукација за современ танц во Македонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Сабота, 13 Март 2010 03:44

Едукативната програма на Првата регионална академија за современ танц НОМАД ќе се спроведува во Македонија од 13 март до крајот на месецов, а ќе ја проследат 14 учесници од Европа меѓу кои и од Македонија

Во текот на програмата предавања по современ танц ќе одржат професори од Германија, Словенија и Србија.
По завршувањето на предавњата во Македонија на 31 март НОМАД продолжува во Софија, Белград, Кањежа, Загреб, Птуј и Љубљана.
Во Словенија ќе биде и официјално затворена европската програма на 25 јуни со програмски дел Short Cuts (Кратки Резови) каде што ќе се претстават самите учесници со свои изведби развиени во четиримесечниот процес на заедничка едукација и работа.

Детална програма на едукацијата во Скопје

13 Март (Сабота)
Пристигнување на учесниците на Номад Танц Академија

14 Март (Недела)
Работилница со Горан Богдановски, уметничка презентација на учесниците и презентација на Номад Танц Академијата во Музичко балетски училишен центар ‘’Илија Николовски-Луј" (МБУЦ) (студио 4)
Време: 12.00 – 18.00

Добредојде од Локомотива во Сопотско Мезе Бар @ 19.00
(Ул. Илинденска бр.80)

15 Март (Понеделник)
Рок Вевер Short cuts @Точка @ 11.00

16 Март (Вторник) – 21 Март (Недела)
Работилница со Mартин Сондеркамп
Место: МБУЦ ‘’Илија Николовски-Луј" (студио 4)
Време: 12.00 – 18.00

17 Март (Среда)
Отворена дискусија/Презентација– Современиот танц во Македонија - инцидент или сцена?
Со: Соња Здравковска Џепароска, Искра Шукарова и Деан Дамјановски
Модератор: Биљана Тануровска-Ќулавковски 
Место: Точка
Време: 19.30 – 22.00

22 Март (Понеделник)
Слободен ден

23 Март (Вторник) – 28 Март (Недела)
I - Share
Место: МБУЦ ‘’Илија Николовски-Луј" (студио 4)
Време: 11.30 – 13.00

23 Март (Вторник)
Работилница со Драгана Алфиревиќ и Елена Марчевска
Место: Точка
Време: 13.30 – 18.00

24 Март (Среда) – 28 Март (Недела)
Работилница со Драгана Алфиревиќ и Елена Марчевска
Место: Мала сцена, Драмски театар.
Време: 13.30 – 18.00

29 Март (Понеделник)
Слободен ден

30 Март (Вторник)
Предавање: Работилница за проект менаџмент во култура со Биљана Тануровска Ќулавковски
Место: Tочка
Време: 12.00 – 14.00

31 Март (Среда)
Заминување на учесниците

 

          Извор „Форум„ 13.03.2010

 
Ние двајца и Алтер его во МНТ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Сабота, 13 Март 2010 03:21

ПАНТОМИМА И ФИЗИЧКИ ТЕАТАР


"Сите пет" е наслов на претставата во изведба на Дан Пуриц Компани од Романија, со која вчеравечер на сцената на МНТ, започна третиот по ред Интернационален фестивал на пантомима и физички театар. Веќе вечерва на истата сцена ќе се одржат и претставите "Ние двајца" (20 часот), и "Алтер Его" во изведба на Александар Илиев, од Бугарија (21.30 часот).
В недела (14 март) претставите се селат во Младинскиот културен центар каде во 20 часот ќе ја видиме "Ла Дивина" со изведувачи од Израел, а во 21.30 македонскиот "Театар 007" ќе ја изведе претставата "Игра". На 15 март во 20 часот, во МКЦ ќе биде изведена и претставата "Под месечината во Монтана" со Бил Бауерс од Америка. Последниот ден од фестивалот, 16 март, во Детскиот театарски центар, пак, во 20 часот, ќе се одржи претставата "Сеќавање за утре" во изведба на Дамир Дантес, Швајцарија/БиХ. Со јапонските изведувачи и претставата "Кагуја" во 21.30 часот, завршува фестивалот, по што ќе биде доделена и парична награда од 300 евра за најдобрата претстава.

 

          Извор „Вечер„ 13.03.2010

 
ОД РОМАНОТ НА АКТЕРОТ САШО ТАСЕВСКИ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Сабота, 13 Март 2010 03:17

Фељтон за проститутката од Пеперутка во ВЕЧЕР

Од понеделник ексклузивно на страниците на ВЕЧЕР ќе може да прочитате делови од романот каде е опишан животот на една "ноќна дама" од високите скопски кругови, чии клиенти биле познати градски фаци, политичари, бизнисмени...


Од понеделник ексклузивно на страниците на ВЕЧЕР ќе може да прочитате делови од романот на актерот Сашо Тасевски, "Пеперутка", каде е опишан животот на една "ноќна дама" од високите скопски кругови, чии клиенти биле познати градски фаци, политичари, бизнисмени... За тоа дело, писателот Венко Андоновски вели:
-Исповедта на проститутката е испишана на "чист" скопски сленг, без пардон кон јазичната норма, од што на многумина јазични пуританци може да им се крене косата на главата. Се разбира, и тоа е во полза на кодот на веродостојноста и убедливоста со кој едно дело сака да ни каже "ова навистина се случува": неприродно би било скопска проститутка да зборува со речник на академик на МАНУ, па да изговори да речеме ваква реплика: "Впрочем, ќе му пружам задоволство на вашиот ценет полов орган".

А авторот Тасевски, за неговото прво роман-писание изјавува:
-Се работи за жена која стигнала до највисоките ешалони на власта, во бизнисот. Тие луѓе во романот се опишани со прекари, но сите се реални, вистински луѓе, вели Тасевски, додавајќи дека проститутката е мајка на две ќерки, кои се нормално воспитувани.
Првиот роман на Тасевски може да се купи во книжарницата на Матица, каде во продажба е и најновото негово дело: "Угурсуз".

Ќути си, трај си, ко ќе ти побараат, дај си
"Постојат одредени државни служби и агенции, коишто, ептен си ја вршат работата. Неколку курви што ги познавав, а што се продаваа за чесни, многу неславно завршија затоа што никогаш не ја научија првата лекција по предметот курвологија и етика. Долгиот јазик го скратува животот на пола, а понекогаш и на третина или што би рекла баба ми: Ќути си, трај си, ко ќе ти побараат, дај си! Ама после наплати си и пак ќути си! Ќути си во секој случај! Јас фала богу, научив да ќутам, особено во вонредни ситуации кога ебам политичари или полицајци. Зашто после оргазам, на сите нив им паѓаат маските за момент и тогаш лупаат што им падне на памет", пишува авторот Тасевски во "Пеперутка".

 

 

          Извор „Вечер„ 13.03.2010

Последно освежено на Сабота, 13 Март 2010 03:32
 
www.норвешка.денес.com.mk во Албански театар PDF Печати Е-пошта
Напишано од Нелко Нелковски   
Среда, 10 Март 2010 08:12

ВО РЕЖИЈА НА ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА


Во Албанскиот театар - Скопје од денеска на репертоарот е претставата "www.норвешка.денес.com.mk" по текст на Игор Бауершима и во режија на Зоја Бузалкова. Текстот на Бауершима "Норвешка денес" е преведен на дваесетина јазици и е поставен на стотина театарски сцени во светот.

- Со режисерскиот концепт на Бузалкова кон ова дело и со играта на актерите Амернис Нокшиќи-Јовановска и Фисник Зеќири е создадена современа претстава, каква што е и темата што таа ја раскажува - отуѓеноста на младите луѓе и нивната затвореност во виртуелниот свет на интернетот, велат од Албанскиот театар.

- Поврзани преку интернет-четовите, без идеја за тоа што сакаат да направат со своите животи, отуѓувањето од реалниот свет и избледеноста на боите на животот тангираат цели генерации на млади луѓе затворени во херметичките ѕидови. Претставата зборува за битките на животот, за љубовта, за мигот, за непроживеаното и за вредностите на утрешното, информираат од таму.

Претставата се изведува на албански јазик, но е обезбеден и превод на македонски. Можат да ја следат само 70 посетители зашто публиката е сместена на самата сцена. Цената на влезниците е 150 денари.


          Извор „Вечер„ 10.03.2010
 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Лист 1 од 105
Copyright © 2010 Театарска Младина на Македонија. Сите права се заштитени.
 

Анкета

Дали сте задоволни од театрската понуда во Македонија
 

Кој е на линија

Има 3 гости присутни

Реклами

Најнови!
Банер
Банер
Банер
Банер